Терзели

Од Википедија — слободната енциклопедија
Терзели
Терзели во рамките на Македонија
Терзели
Местоположба на Терзели во Македонија
Терзели на интерактивна карта

Координати 41°21′01″N 22°31′20″E / 41.35028° СГШ; 22.52222° ИГД / 41.35028; 22.52222Координати: 41°21′01″N 22°31′20″E / 41.35028° СГШ; 22.52222° ИГД / 41.35028; 22.52222
Регион Logo of Southeastern Region, North Macedonia.svg Југоисточен
Општина Coat of arms of Valandovo Municipality.svg Валандово
Област Бојмија
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Повик. бр. 060
Шифра на КО 04020
Надм. вис. 268 м
Терзели на општинската карта
Терзели во Општина Валандово.svg

Атарот на Терзели во рамките на општината
Commons-logo.svg Терзели на Ризницата


Терзели — село во Општина Валандово, југоисточна Македонија. Денес нема жители.[2]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во јужното подножје на планината Плавуш, на надморска височина од околу 268 м. Се наоѓа во средишниот дел на општината, северозападно од градот Валандово. Атарот е мал, со површина од само 3 км2.[3] Низ селото тече рекичката Ак Бунар, која на југ завршува во наводнувачките канали во полските села.

Историја[уреди | уреди извор]

На крајот на XIX век Терзели било наполно турско село во Дојранската каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Терзели (Terzéli) било село со 14 домаќинства, сочинети од 38 муслимани.[4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. селото имало 55 жители, сите Турци.[5]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
194897—    
1953111+14.4%
196144−60.4%
19718−81.8%
198121+162.5%
ГодинаНас.±%
19910−100.0%
199400.00%
200200.00%
202100.00%

Во периодот пред Втората светска војна селото доживеало битен пораст. Ситуацијата се променила во 1950-тите, кога населението опаднало повеќе од двојно. Во текот на следната деценија продолжило да паѓа, сведувајќи се на 8 жители. Во 1970-тите бројот се искачил на 21 жител, но во наредните години селото наполно се испразнило. Според пописот од 2002 година, Терзели немало ниеден жител.[2] Истото било потврдено и на пописот во 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 55 97 111 44 8 21 0 0 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
  3. Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 296. ISBN 9989-862-00-1.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 194-195.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 162.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]