Башибос
Башибос | |
![]() Поглед кон Башибос. | |
Координати 41°18′30″N 22°41′27″E / 41.30833° N; 22.69083° EКоординати: 41°18′30″N 22°41′27″E / 41.30833° N; 22.69083° E | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Бојмија |
Население | 170 жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 2461 |
Повик. бр. | 034 |
Шифра на КО | 04004 |
Надм. вис. | 387 м |
Башибос — село во Општина Валандово, во околината на градот Валандово.
Географија[уреди | уреди извор]
Башибос се наоѓа во Општина Валандово, која пак е дел од Југоисточниот регион. Селото се наоѓа на јужните падини на Беласица, на 5 км од државната граница со Грција. Етногеографски Башибос е дел од областа Бојмија. Селото се наоѓа на надморска височина од 387 метри. Валандово е на околу 12 км од селото.
Историja[уреди | уреди извор]
Во XIX век селото било дел од Дојранската каза на Отоманското Царство. Според бугарските податоци од 1878 година селото имало 50 домаќинства со 105 муслимани.[1] Спред исто така бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) во 1900 година селото имало 426 жители од кои 420 Турци и 6 Роми.[2]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 170 жители. Следува табела на националната структура на населението[3]
Народност | Лица |
Турци | 169 |
останати | 1 |
На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 426[2] | 200 | 246 | 164 | 194 | 262 | 269 | 201 | 170 |
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборното место бр. 299 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова изборно место е опфатено и селото Бајрамбос и Кочули.[5]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 190 гласачи.[6]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 194-195.
- ↑ 2,0 2,1 Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 163.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Сателитска снимка на Башибос на Гугл Карти
|