Марвинци
Марвинци | |
![]() Дел од селото погледнат од дворот на црквата „Св. Петка“ | |
Координати 41°17′00″N 22°29′53″E / 41.28333° СГШ; 22.49806° ИГДКоординати: 41°17′00″N 22°29′53″E / 41.28333° СГШ; 22.49806° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Бојмија |
Население | 437 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2460 |
Повик. бр. | 034 |
Шифра на КО | 04014 |
Надм. вис. | 114 м |
![]() |
Марвинци — село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во областа Бојмија, во јужниот дел на територијата на Општина Валандово, од левата страна на реката Вардар.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 114 метри.[2]
Атарот зафаќа површина од 7,6 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 311 хектари, на шумите отпаѓаат 227 хектари, а на пасиштата 137 хектари.[2]
Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Марвинци било македонско село во рамките на Дојранската каза на Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Селото, во основа, има полјоделска функција.[2]
Население[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Марвинци имало 160 жители, сите Македонци.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Марвинци имало 240 жители.[4]
Марвинци е средно село по големина со пораст на бројот на населението. Така, селото во 1961 година имало 379 жители, а во 1994 година 519 жители, од кои 275 биле Македонци и 244 Срби.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Марвинци имало 504 жители, од кои 224 Македонци и 280 Срби.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 437 жители, од кои 196 Македонци, 2 Албанци, 1 Турчин, 215 Срби, 1 Бошњак, 1 останат и 21 лице без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 160 | 240 | 336 | 365 | 379 | 462 | 564 | 526 | 519 | 504 | 437 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Општествени установи[уреди | уреди извор]

- Основно училиште „Мито Симеонов“ до V одделение[11], подрачно училиште на ОУ „Страшо Пинџур“ - Јосифово.
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Марвинци, во која влегувале селата Балинци, Брајковци, Грчиште и Марвинци.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Валандовска градска општина, во која покрај селото Марвинци се наоѓале градот Валандово и селата Балинци, Брајковци, Грчиште, Пирава, Раброво и Честово.
Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Валандово.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово.
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 294 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 380 гласачи.[13]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта[14]
- Исар — населба и некропола;
- Сред Село — некропола од хеленистичко време;
- Ќурќиевица — некропола од железно време; и
- Црква — осамен наод од римско време.
- Цркви[15]
- Црква „Св. Петка“ — главна селска црква изградена во XIX век
Галерија[уреди | уреди извор]
-
Овци над селото
-
Дел од селото, а во позадина планината Кожуф
-
Стариот објект на основното училиште
-
Споменик за народниот херој Мито Симеонов
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 191. Посетено на 17 јули 2017.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 164.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 100-101.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 17 јули 2017.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Образование“. македонски: Општина Валандово. Посетено на 17 јули 2017.[мртва врска]
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|