Градец (Валандовско)
- За други значења на поимот Градец видете на појаснителната страница
Градец — село во Општина Валандово, во околината на градот Валандово.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Градец се наоѓа во Демиркаписката Клисура, на левиот брег на реката Вардар на магистралниот пат Е75 Скопје - Гевгелија во општина Валандово. Селото е сместено на подножјето на Градечка Планина на надморска височина од 105 метри. Природата го обдарила со богата шумска вегетација и со 4 убави реки, а господ го заштитил со 6 светци кои го чуваат селото од сите страни.
Поради планот за изградба на ХЕЦ „Градец“, жителите се иселени во Удово во 1960-тите години.
Историја[уреди | уреди извор]
Селото било срамнето со земја при Валандовскиот земјотрес во 1931 година.[1]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Градец живееле 550 жители, сите Македонци.[2]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Градец имало 712 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 550[2] | 712[3] | 580 | 613 | 558 | 355 | 24 | 4 | — | — |
Општествени установи[уреди | уреди извор]
- Цркви[5]
- Црква „Св. Димитриј“ — главната селска црква;
- Црква „Св. Атанасиј“ — манастриска црква;
- Црква „Св. Петка“ — најновата селска црква. Камен тенелник удрен на 1 октомври 2014 година;[6]
- Археолошки наоѓалишта[7]
- Градиште — градиште од доцноантичкото време;
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 291 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Удово.[8]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 700 гласачи.[9]
Личности[уреди | уреди извор]
- Јанаки Абрашев (1889 - ?) - македоно-одрински доброволец од четата на Кочо Хаџиманов, четата на Дончо Златков, 4 рота на 14 воденска дружина[10]
Наводи[уреди | уреди извор]
- Монографија Градец - Скопје; Илија Московски
- ↑ Порта3 (2017-12-21). „Разурнувачкиот земјотрес во Валандово од 1931 година“. Порта3 - градежништво, архитектура и екологија. Посетено на 2021-10-08.
- ↑ 2,0 2,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 155.
- ↑ 3,0 3,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 104-105.
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Камен темелник на црквата „Света Петка“ во валандовско Градец[мртва врска]
- ↑ Коцо, Димче(1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 6 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 6 ноември 2019.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 11.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Градец (Валандовско)“ на Ризницата ? |
- Градец го потопи неизградена акумулација Архивирано на 4 март 2016 г. — Дневник
|