Црква „Св. Петка“ - Градец
Изглед
Света Петка | |
Поглед на црквата (2023 г.) | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Повардарска |
| Архијерејско намесништво | Гевгелиско |
| Парохија | Валандовска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°22′40″N 22°23′34″E / 41.37778°N 22.39278°E |
| Место | Градец |
| Општина | Валандово |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Атанасиј Александриски |
| Изградба | 2014 |
| Осветување | 11 мај 2019 |
| Архитектонски опис | |
Света Петка — најнова селска црква во валандовското село Градец, Македонија.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата се наоѓа северозападно од селото Градец, десно од регионалниот пат 1102 (Скопје-Гевгелија), сместена веднаш до самиот пат.
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата започнала да се гради во 2014 година под покровителство на Општина Валандово, а како главен донатор е Ангелче Ристов од гевгелиското село Давидово.[1]
Местото каде е подигната црквата важело за свето место и на кое мештаните од околните села Удово, Давидово и Градец се собирале за празникот Света Петка.
На 11 мај 2019 година, храмот бил осветен од страна на Митрополитот Повардарски г. Агатангел.[2]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Крст во црковниот двор
- Поглед на црквата
- Чешма
- Влезот
- Крст кај апсидата
- Апсидата
- Свеќарник
- Куполата
- Црковниот двор
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Камен темелник на црквата „Света Петка" во валандовското село Градец“. А1он (англиски). 2014-10-01. Посетено на 2024-01-28.
- ↑ „Facebook“. www.facebook.com. Посетено на 2024-01-28.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Петка“ - Градец на Ризницата ?


