Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Јосифово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Успение на Пресвета Богородица
Викиекспедиција Бојмија 228.jpg

Поглед кон црквата

Македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Гевгелиско
Парохија Пиравска
Местоположба
Координати 41°19′59.2″N 22°28′30.9″E / 41.333111° СГШ; 22.475250° ИГД / 41.333111; 22.475250Координати: 41°19′59.2″N 22°28′30.9″E / 41.333111° СГШ; 22.475250° ИГД / 41.333111; 22.475250
Населено место Јосифово
Општина Валандово
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Богородица Марија
Изградба 1932
Завршено 1934
Осветување 8 декември 1936
Зограф Димитар Папрадишки
Архитектонски опис
Архитектонски тип крстокуполен храм
Портал „МПЦ“

Успение на Пресвета Богородица — главна селска црква во валандовското село Јосифово.[1] Црквата е сместена во средишниот дел на селото, во непосредна близина на ОУ „Страшо Пинџур“ и поштата.

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата е изградена по земјотресот од 1931 година, во периодот од 1932 до 1934 година, а осветена е на 8 декември 1936 година од страна на владиката на Штипската епархија г. Венијамин.[2] Црквата нема ниту летописна книга, а нема ни доволно историски податоци. За нејзината историја главно се дознава од преданијата, односно од раскажувањата на постарите жители на селото.

Архитектура[уреди | уреди извор]

Храмот има крстокуполен облик, чие теме заменува купола. Објектот погледнат однадвор има мошне атрактивен архитектурен облик. Тој има висока покривна конструкција, која се потпира на столбови со капители во горниот дел. Камбанаријата е составен дел од градбата на црквата и се наоѓа во нејзиниот северозападен дел.[2] Таа има квадратна основа и е поделена на два дела, при што на некои од страните во долниот дел има по една монофора, додека горниот дел содржи истакната фасадна рамка со по една бифора на секоја од четирите страни. Влезот во храмот е од западната страна, преку двокрилна дрвена врата над која нема никаков натпис. На источната страна, градбата завршува со петстрана апсида. На секоја од петте страни од апсидата има по една монофора и по едно окно над неа.

Внатрешноста на црквата не е оптоварена со предмети и во неа нема поставено класични црковни столови за седење, прилепени до ѕидовите. На левата страна од влезот има минијатурен параклис и една икона со претстава на Богородица и синот Христос, а на десната страна се наоѓа владичкиот стол и една маса на која е поставена икона за бакнување. Црковната литија датира од 1936 година. На јужниот внатрешен ѕид не е поставена ниту една икона, а на северниот ѕид се наоѓаат шест мали икони, потпрени до прозорците. Црквата не е зографисана.[2]

Иконостас[уреди | уреди извор]

Иконостасот е изработен во 1934 година, но нема испишано никакви податоци од зографите. Тој содржи царски двери од убава резба и икони изработени од познатиот мијачки зограф Димитар Папрадишки во истата 1934 година. На десната страна од царските двери се наоѓа голема икона на Господ Исус Христос, а на јужната врата е сместена иконата на свети Јован Претеча. Лево од царските двери се наоѓа голема икона со претстава на света Богородица и синот Христос, а на северната страна е иконата на свети Архангел Михаил. Иконостасот завршува со мала икона на света Богородица со синот Христос. Над царските двери е композицијата наречена „Тајната вечера“. Десно од неа се наоѓаат шест икони од светите апостоли, а лево има шест икони со претстави на светителите. Во горниот дел од иконостасот е сместен Крстот на распнатиот Христос.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  2. 2,0 2,1 2,2 „Цркви во Пиравската парохија“. Повардарска епархија. 2 јуни 2008. конс. 26 јули 2017. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]