Црква „Св. Димитриј“ - Валандово
![]() ![]() Свети Димитриј
| |
![]() Поглед кон црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Повардарска |
Архијерејско намесништво | Гевгелиско |
Парохија | Валандовска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°19′17.5″N 22°33′26″E / 41.321528°N 22.55722°E |
Место | Валандово |
Општина | Валандово |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Димитриј Солунски |
Изградба | 1830 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | трикорабна |
Свети Димитриј — гробјанска црква во Валандово, а воедно и парохиски храм на Валандовската парохија.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата се наоѓа над последните куќи во северозападниот дел на градот Валандово, на зарамнета падина на разгранок од планината Плавуш.
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата е подигната во 1830 година.[1]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата е трикорабна и со рамни тавани, при што на неговиот полукружен свод е насликана икона со платно со претставата на Исус Христос Седржител. Средишниот кораб на градбата ги надвишува страничните два, а црквата завршува со полукружна апсида на источната страна. Покривната конструкција е изградена на две води и е потрена на два реда од по четири симетрично поставени столбови. Влезната врата е сместена на јужната страна и над неа има застаклена ниша со фреска на која е претставен Свети Димитриј.[1]
Поради нејзината поставеност во просторот, црквата е недоволно препознатлива и привлечна. Југозападно од црквата се наоѓа камбанаријата, која според натписот на северната страна, е изградена во 1898 година, а обновена во 1994 година.[1]
Во дворот на црквата има помошен објект, кој според наведениот натпис, е изграден во 1936 година. Во склоп на црквата се и градските гробишта.
Икони и иконостас
[уреди | уреди извор]Во црквата има стари икони кои потекнуваат од XVII, XVIII и XIX век, изработени од непознати зографи, но и понови кои се од XX век. Сегашниот иконостас е изработен во 1988 година од црковниот уметник Мишко Милановиќ, со помош на двајца соработници, а е осветен на 7 април 1989 година од тогашниот митрополит на Повардарската епархија, г. Михаил.[1]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Влезот во црквата
-
Икона над влезот
-
Дворот на црквата
-
Камбанаријата
-
Поглед на црквата
-
Икона на Свети Димитрија
-
Резба од македонскиот крст
-
Дворот
-
Камбанаријата
-
Селските гробишта
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Цркви во Валандовско“. Повардарска епархија. 2 јуни 2008. Посетено на 20 јули 2017.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Црква „Св. Димитриј“ - Валандово на Ризницата ?