Црква „Св. Атанасиј“ - Градец
Свети Атанасиј | |
Поглед на црквата (2023 г.) | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Повардарска |
| Архијерејско намесништво | Гевгелиско |
| Парохија | Валандовска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°22′42″N 22°24′17″E / 41.37833°N 22.40472°E |
| Место | Градец |
| Општина | Валандово |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Атанасиј Александриски |
| Изгорена | 2001 |
| Архитектонски опис | |
| Архит. тип | трикорабна |
Свети Атанасиј — главна манастирска црква на Градешкиот манастир во валандовското село Градец, Македонија.[1]
Местоположба
[уреди | уреди извор]
Црквата се наоѓа на едно ритче над селото, лево од регионалниот пат 1102 (Скопје-Гевгелија).
Историја
[уреди | уреди извор]Изградена е кон крајот на средниот век, но во текот на своето постоење била неколкупати обновувана.
Црквата била опожарена во 2001 година, кога изгорела до темел.[2] Била обновена во нов стил во поново време.
Архитектура
[уреди | уреди извор]Црквата е ниска градба. Според архитектурната форма, црквата е трикорабна, чии сводови се покриени со рамни дрвени тавани, од кои средниот ги надвишува двата странични кораба. Покривната конструкција е на две води, потпрена на шест дрвени столбови.
Црквата е градена од обичен камен, во основата долга 14, а широка 8 метри.[3]
Фрескоживопис
[уреди | уреди извор]Ѕидовите на црквата биле покриени со фрески, од кои денес се сочувани само остатоци.
Икони и иконостас
[уреди | уреди извор]Иконите датираат од XIX век.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Воздушен поглед на црквата со селото Градец
- Куполата
- Поглед на црквата
- Влезната порта
- Црковниот двор
- Воздушен поглед
- Апсидата
- Помошниот објект
- Камбанаријата
- Иконостасот
- Ниша над влезот
- Влезот
- Страничен поглед
- Црквата со камбанаријата од селото
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Градец го потопи неизградена акумулација“. Дневник. 2016-03-04. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2024-01-28.
- ↑ „Цркви во Валандовско“. Повардарска епархија. 2 јуни 2008. Посетено на 30 ноември 2021.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Атанасиј“ - Градец на Ризницата ?


