Црква „Св. Димитриј“ - Градец
Свети Димитриј | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Повардарска |
| Архијерејско намесништво | Гевгелиско |
| Парохија | Валандовска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°22′32″N 22°24′13″E / 41.37556°N 22.40361°E |
| Место | Градец |
| Општина | Валандово |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Илија |
| Изградба | средина на XIX век |
| Живопис | 1873 |
| Архитектонски опис | |
| Архит. тип | трикорабен |
Свети Димитриј — главна селска црква во валандовското село Градец, Македонија.[1]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата се наоѓа во самото средиште на селото Градец, иако поради напуштањето на селото целосно е обрасната со вегетација и скоро невидлива од самиот земјен пат.
Во дворот на црквата се наоѓаат и селските гробишта.
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата е изградена во средината на XIX век (пред 1860 година).
Архитектура
[уреди | уреди извор]Црквата е трикорабна, со рамни дрвени тавани и повисок средиштен кораб; со нартекс на западната страна и голема полукружна олтарна апсида од надвор на источниот ѕид, над кој има округли окна. Црквата е вкопана и изградена од обичен камен со калкански покрив.
Фрескоживопис
[уреди | уреди извор]Живописана е во 1873 година, за што сведочат двата натписа (на грчки и црковнословенски) на насликаниот фрескоживопис на северната страна од надворешниот ѕид со претстава на композицијата „Страшниот суд“, дело на познатиот струмички зограф Григориј Пецанов. Датумот на натписот е 28 август 1873 година, а насликаната површина е долга околу 11 метри и го опфаќа просторот од левата и десната страна вратата. Фреските се во лоша состојба.[2]
Икони и иконостас
[уреди | уреди извор]Иконите се насликани во 1869 година од познатиот зограф Исаија Џиков од селото Осој, Дебарско.
Иконостасот, исто така дело на Исаија Џиков, е пренесен во црквата „Св. Атанасиј Велики“ во Удово.[3]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Селските гробишта
- Епископска столица
- Скали до горниот дел од црквата
- Таванот
- Внатрешноста
- Крстот над иконостасот
- Апсидата
- Влезната порта со камбанаријата
- Воздушен поглед
- Камбанаријата
- Споредниот влез
- Припратата на северната страна
- Припратата на западната страна
- Главниот влез
- Внатрешноста
- Иконостасот
- Камен крст во внатрешноста
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Цркви во Валандовско“. Повардарска епархија. 2 јуни 2008. Посетено на 30 ноември 2021.
- ↑ „Цркви во Пиравската парохија“. Повардарска епархија. 2 јуни 2008. Посетено на 30 ноември 2021.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Димитриј“ - Градец на Ризницата ?


