Црква „Св. Архангел Михаил“ - Грчиште
Свети Архангел Михаил | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Повардарска |
| Архијерејско намесништво | Гевгелиско |
| Парохија | Валандовска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°15′26.9″N 22°29′55.4″E / 41.257472°N 22.498722°E |
| Место | Валандово |
| Општина | Валандово |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Архангел Михаил |
| Изградба | 1849 |
| Архитектонски опис | |
| Архит. тип | трикорабна |
Свети Архангел Михаил — главна селска црква во валандовското село Грчиште.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата се наоѓа на самото сретсело во Грчиште.
Историја
[уреди | уреди извор]Според натписот над споредната врата од западната страна, кој е оштетен и тешко читлив, црквата била изградена во 1849 година. Годината е испишана во ниша над крст изведен во релјеф.[1]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата е трикорабна, со рамни дрвени тавани, потпрени на шест столба. Таа содржи женски дел во нејзината западна страна, а на источната страна завршува со полукружна апсида. Кон јужната страна, каде е сместен главниот влез, е доградена припрата.[1]
Во дворот на црквата се наоѓаат камбанаријата и помошен објект. Камбанаријата има квадратна основа и истата се издига над оградата од дворот, непосредно од левата страна на влезната порта. Таа е поделена во два дела, при што долниот дел е понизок и со поголема основа, додека горниот дел е повисок и на секоја од четирите страни има по една монофора.
Фрескоживопис
[уреди | уреди извор]Внатрешноста на црквата е фрескоживописана, а автори на фреските се браќата Доневи од селото Гари.[1]
Икони и иконостас
[уреди | уреди извор]Во црквата има иконостас кој е широк околу десет метри и е исполнет со вредни стари икони од XIX век. Царските двери се изработени во резба и претставуваат ретко убаво копаничарско дело од XIX век на просторот на јужновардарскиот регион. Не е познато името на авторот, но не се исклучува можноста да бил Андон Китанов, кој подолго време работел во овој крај.[1]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Јужната страна со главниот влез на црквата
- Камбанаријата на црквата
- Камбанаријата (лево) со влезната порта (десно) од дворот на црквата
- Помошен објект во дворот на црквата
- Грчиште, камбаната и школото, 1931
- Камбанаријата
- Поглед на црквата
- Камбанаријата
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 4 „Цркви во Валандовско“. Повардарска епархија. 2 јуни 2008. Посетено на 20 јули 2017.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Архангел Михаил“ - Грчиште на Ризницата ?


