Грчиште
Грчиште | |
![]() Панорамски поглед на селото (фотографирано од селото Смоквица) | |
Координати 41°15′24″N 22°29′54″E / 41.25667° СГШ; 22.49833° ИГДКоординати: 41°15′24″N 22°29′54″E / 41.25667° СГШ; 22.49833° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Бојмија |
Население | 255[1] жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 2460 |
Повик. бр. | 034 |
Шифра на КО | 04009 |
Надм. вис. | 70 м |
![]() |
Грчиште — село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово.
Потекло на името[уреди | уреди извор]
Во минатото селото се нарекувало Гркиште, познато по грчкиот ан во кој преноќувале трговците кои поминувале на релацијата Солун-Белград. Кога дошле Бугарите го преимениле во Грчиште.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во областа Бојмија, во крајниот јужен дел на територијата на Општина Валандово, од левата страна на реката Вардар, чиј атар се допира со територијата на Општина Гевгелија. Од градот Валандово селото е оддалечено 11 километри.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 70 метри.[2]
Атарот зафаќа површина од 15,6 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 389,8 хектари, на шумите отпаѓаат 510,4 хектари, а на пасиштата 404,3 хектари.[2]
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век, Грчиште било македонско село во рамките на Тиквешката каза на Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[2]
Население[уреди | уреди извор]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Грчиште имало 500 жители, сите Македонци.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Грчиште имало 680 жители.[4]
Грчиште е средно село по големина, но со намалување на бројот на жителите. Во 1961 година селото броело 416 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 286 жители македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Грчиште имало 255 жители, сите Македонци.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[5] | 1905[6] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 500 | 680 | 424 | 419 | 416 | 423 | 356 | 304 | 286 | 255 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
- Основно училиште „Јане Сандански“ до V одделение[8], подрачно училиште на ОУ „Страшо Пинџур“ - Јосифово.
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Марвинци, во која влегувале селата Балинци, Брајковци, Грчиште и Марвинци.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Валандовска градска општина, во која покрај селото Грчиште се наоѓале градот Валандово и селата Балинци, Брајковци, Марвинци, Пирава, Раброво и Честово.
Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Валандово.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово.
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 295 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[9]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 169 гласачи.[10]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта[11]
- Глос — населба и некропола од железно време.
- Цркви[12]
- Црква „Св. Архангел Михаил“ — главна селска црква изградена во XIX век; и
- Црква „Св. Петар и Павле“ — манастирска црква.
Личности[уреди | уреди извор]
- Родени во Грчиште
- Христо Андонов (1887-1928) — гевгелиски и дојрански војвода
- Михаил Сионидис (1870-1935) — андартски капетан, деец на грчката вооружена пропаганда
Галерија[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 22 јули 2017.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 89. Посетено на 22 јули 2017.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 164.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 100-101.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Образование“. македонски: Општина Валандово. Посетено на 22 јули 2017.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|