Михаил Сионидис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Михаил Сионидис
Michael Sionidis.jpg
Роден 1870
Починал 1935

Михаил Сионидис или Сонидис (грчки: Μιχαήλ Σιωνίδης или Μιχάλης Σιωνίδης или Σωνίδης) бил андартски капетан, деец на грчката вооружена пропаганда и учесник во Борбата за Македонија.

Животопис[уреди | уреди извор]

Михаил Сионидис е роден 1870 година во Богданци. Како деец на грчката вооружена пропагнада делувал во Грчиште, Гевгелија и Дојран, против Македонската револуционерна организација.

Сионидис со андартска чета го нападнал селото Марвинци во 1905 година (во нападот бил ранет, по што заминал во Гегелија на лекување), како одмаза за нападот на Македонската револуционерна организација врз селото Грчиште во есента 1904 година.

По крајот на Првата балканска војна Михаил Сионидис го напуштил Грчиште, кое било заземоно од српските сили, и се сместил во Мачуково.

Во текот на Втората балканска војна, грчкиот крал Константин I го воспоставил своето седиште. Михаил Сионидис е ранен во битките кај Кукуш-Лахна, а во Првата светска војна учествувал во Битката кај Јаребична, а дејствувал и како разузнавач во тилот на бугарската армија во Струмичко.

Како заслуга кон Грција е одликуван со: Златен крст за храброст, Воен крст и Спомен медал на Македонската борба.

По завршувањето на војната Михаил Сионидис, како претседател на месен комитет во близина на Мачуково ги пронашол остатоците на 9 евзони убиени за време на Втората балканска војна. Мачуково е преименувано во Евзони, 1927 година, каде што умира и Михаил Сионидис во 1935 година [1][2].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Η Ελληνικη Αντισταση στη Μακεδονια 1904-1908 Архивирано на 21 јули 2011 г. или копие
  2. „Μουσείο Μακεδονικού Αγώνα“. Архивирано од изворникот на 2011-10-05. Посетено на 2011-01-28.