Удово
Удово | |
![]() Панорамски поглед на селото | |
Координати 41°20′35″N 22°26′34″E / 41.34306° N; 22.44278° EКоординати: 41°20′35″N 22°26′34″E / 41.34306° N; 22.44278° E | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Бојмија |
Население | 851[1] жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 2464 |
Повик. бр. | 034 |
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 90 м |
![]() |
Удово — село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Ова некогаш значајно село се наоѓа во областа Бојмија, во западниот дел на територијата на Општина Валандово, чиј атар се допира со левиот брег на реката Вардар. Од градот Валандово селото е оддалечено 13 километри.[2]
Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 90 метри.[2]
Атарот зафаќа површина од 20,3 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 1.602 хектари.[2] Кај селото, во реката Вардар, се наоѓа вториот по големина остров во Македонија (и најголемиот речен остров во земјата), наречен Удово, чија површина изнесува 6 хектари.[3]
Историja[уреди | уреди извор]
Удово бележи постара историја. Порано, во селото живееле претежно Турци и неколку куќи Власи. Старото село се наоѓало во денешното Долно (Удово) Маало. Со текот на годините, Турците се иселиле во Турција и во Скопје, додека Власите во иселиле во Гевгелија.
Во XIX век, Удово било турско село во рамките на Дојранска каза на Отоманското Царство.
Со изградбата на вардарската железница, Удово било позната товарна и истоварна станица, но подоцна замрело како таква населба.[2]
Кога била отпочнат планот за изградба на ХЕЦ „Градец“, семејствата на селото почнале принудно да се населуваат во Удово.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Селото, во основа, има полјоделска функција.[2]
Население[уреди | уреди извор]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Удово имало 425 жители, од кои 375 Турци и 50 Роми.[4]
Во 1961 година, Удово било мало село и броело 287 жители, но во 1994 година, по пат на имиграција, бројот се зголемил на 886 жители, од кои 856 Македонци, 11 Турци и 7 Срби.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Удово имало 851 жител, од кои 838 Македонци, 7 Турци, 2 Срби и 4 останати.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[5] | 1905[6] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 425 | — | 142 | 220 | 287 | 505 | 827 | 870 | 886 | 851 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
- Подрачно училиште „Страшо Пинџур“
- Пошта (2464)
- Амбуланта
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општини која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Удово, во која влегувале селата Аразли, Баракли, Башали, Градец, Ѓулели и Удово.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната општина Удово, во која покрај селото Удово се наоѓале селата Ајранли, Дразни, Баракли, Башали, Вејсели, Градец, Ѓулели, Јосифово, Плавуш и Терзели.
Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Валандово.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово.
Во селото постои изборното место бр. 291 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова изборно место е опфатено и селото Градец.[8]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 700 гласачи.[9]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви[10]
- Црква „Св. Атанасиј“ — главна селска црква
- Костурници
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 август 2017.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (изд. I.). Скопје: Патрија. стр. 306. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ Милевски, Ивица (2013). „За островите во Република Македонија“ (PDF). Географски разгледи. 47.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 151.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|