Булунтули
Булунтули | |
![]() Чешма во Булунтули, 2012 г. | |
Координати 41°19′03″N 22°41′29″E / 41.31750° СГШ; 22.69139° ИГДКоординати: 41°19′03″N 22°41′29″E / 41.31750° СГШ; 22.69139° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Бојмија |
Население | 0 жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 2461 |
Повик. бр. | 042 |
Шифра на КО | 04006 |
Надм. вис. | 460 м |
![]() |
Булунтули — село во Општина Валандово, на нејзиниот источен крај. Денес нема жители.[1]
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото е сместено во областа Бојмија, на јужните падини на Беласица, на надморска височина од 460 м. Атарот зафаќа површина од 6,5 км2.[2]
Историја[уреди | уреди извор]
На крајот од XIX век Булунтули било наполно турско село во Дојранската каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Булатали (Boulatali) било село со 60 домаќинства сочинети од 108 муслимани.[3]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Бул’нтили имало 180 жители, сите Турци.[4]
Демографија[уреди | уреди извор]
Населението на Бунтули значително се намалило во првите децении на XX век. По Втората светска војна бележело мал пораст, за потоа да доживее колебања и пострмен пад во текот на 1970-тите. Во следната деценија бројот на жители стрмоглаво се намалил, сведувајќи се на 5 лица во 1991 г. Во 1990-тите селото е целосно напуштено. Според пописот од 2002 година, Булунтули немало ниеден жител.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[5] | 1905[6] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 180 | — | 51 | 63 | 44 | 55 | 39 | 5 | 0 | 0 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
- ↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (изд. I.). Скопје: Патрија. стр. 44. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 194-195.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 163.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|