Татарли
Татарли | |
![]() Британски војници со двајца воени заробеници кај Татарли во Првата светска војна, 1915 г. | |
Координати 41°18′17″N 22°37′56″E / 41.30472° СГШ; 22.63222° ИГДКоординати: 41°18′17″N 22°37′56″E / 41.30472° СГШ; 22.63222° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Бојмија |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 150 м |
![]() |

Татарли — иселено село во Општина Валандово, во околината на градот Валандово.
Географија[уреди | уреди извор]
Остатоците од селото се сместени во рамничарски предел на областа Бојмија, во јужното подножје на Беласица. Се наоѓаат во атарот на с. Чалакли, нешто повеќе од 5 км од градот Валандово.[2] Во месноста Татарли Чука на северозапад над селото има рудник за варовник.
Историја[уреди | уреди извор]
На крајот на XIX век Татарли било наполно турско село во Дојранската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Татарли (Tatarli) било село до 58 домаќинства сочинети од вкупно 126 муслимани.[3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало 230 жители, сите Турци.[4]
Според Димитар Гаџанов во 1916 г. во Татарли живееле 185 Турци.[5]
Во ноември 1915 г. за време на Првата светска војна се одиграле жестоки борби помеѓу бугарската окупациска војска и единиците на 178. француски пешадиски, 7. колонијален фанцуско-марокански и 2. африкански полк, кои настапиле со напади околу Костурино, Татарли, Гевгелија, во кои Бугарите успеале да ги одвратат противниците, кои се повлевкле јужно од Дојран.[6] Во чест на оваа победа бугарската власт ја нарекла улицата „Татарли“ во бегалската населба во Софија.[7]
Население[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според пописот 2002 година, селото нема жители. На претходниот попис од 1994 г. се забележани 116 жители, од кои 114 Турци и 2 Срби.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 230 | — | 73 | 62 | 36 | 24 | 46 | 121 | 116 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 297 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Чалакли.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 337 гласачи.[14]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 294. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт. 1995. стр. 194–195. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 162.
- ↑ Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 246.
- ↑ Красимир Узунов, Каймакчалан
- ↑ Мария Иванчева Стефан Кръстев, Широко затворени очи? ИЦСН СУ "Климент Охридски"
- ↑ Татарли — Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 6 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 6 ноември 2019.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Татарли на Ризницата ?
- Сателитска снимка од Татарли на Гугл Карти
|