Калково

Од Википедија — слободната енциклопедија
Калково

Воздушен поглед на селото

Калково во рамките на Македонија
Калково
Местоположба на Калково во Македонија
Калково на карта

Карта

Координати 41°20′35″N 22°30′00″E / 41.34306° СГШ; 22.50000° ИГД / 41.34306; 22.50000Координати: 41°20′35″N 22°30′00″E / 41.34306° СГШ; 22.50000° ИГД / 41.34306; 22.50000
Регион  Вардарски
Општина  Валандово
Област Бојмија
Население н.п. жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2462
Повик. бр. 034
Шифра на КО
Калково на општинската карта

Атарот на Калково во рамките на општината
Калково на Ризницата

Калково — село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово.

Селото до 2014 година се водело како маало на селото Јосифово, но со измени во Законот за територијална организација било прогласено за самостојна населба.[2]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед на селото

Селото се наоѓа во областа Бојмија, во јужното подножје на планината Плавуш, северозападно од гратчето Валандово, од каде е оддалечено 12 километри. Сместено е северно од Јосифово, а југоисточно од Горна Маала.

Историја[уреди | уреди извор]

Македонското население во селото живеело сѐ до крајот на 1960 година, кои притоа се иселиле во околните села. По 1960 година во селото почнува да доаѓа население претежно од турска националност, коишто се иселувале од околните села коишто се наоѓаат околу Калково.

Селото е прогласено за самостојна населба во 2014 година,[2] а дототаш било едно од двете маала на Јосифово.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото нема сопствен атар и припаѓа во атарот на селото Јосифово, иако било прогласено за самостојна населба.

Стопанство селото претежно се занимава со земјоделство, дрварство и сточарство. Во полето се одгледуваат повеќе земјоделски култури, но населението претежно насадува лубеници, зелка и тутун.

Во селото работи продавница.

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 130 домаќинства со 327 жители, од кои 97 Македонци и 230 Македонци-муслимани.[3]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Калково живееле 630 жители, од кои 280 Македонци и 350 Турци.[4]

За селото нема никакви податоци за движење на населението по Втората светска војна, бидејќи до 2014 година се водело како дел од селото Јосифово. Дури и по прогласувањето како посебно село, не било издвоено со своја катастарска општина, поради што не било земено в предвид при најновиот попис на населението во 2021 година.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Поглед на основното училиште

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Во XIX век, ова било мешано село во рамките на Дојранската Каза на Отоманското Царство.

Бидејќи до 2014 година припаѓало на селото Јосифово, ја дели неговата административна поделба.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 0290 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште. Покрај селото Калково, во ова избирачко место се опфатени и селата Плавуш, Терзели, Вејсели и Ајранли.[5]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 277 гласачи.[6] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 292 гласачи.[7]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Џамии[8]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во или по потекло од Калково

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 „Закон за изменување и дополнување на законот за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија“ (PDF). Службен весник на Република Македонија (149): 1. 2014. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-10-28.
  3. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 194-195.
  4. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 162.
  5. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
  6. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
  7. https://rezultati2021lokalni1krug.sec.mk/mk/mayr/r/11-397. Посетено на 24 февруари 2024. Отсутно или празно |title= (help)
  8. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  9. Албум-алманах „Македония“, София, 1931, стр. 64.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]