Вејсели

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вејсели
Вејсели во рамките на Македонија
Вејсели
Местоположба на Вејсели во Македонија
Вејсели на интерактивна карта

Координати 41°20′01″N 22°31′53″E / 41.33361° СГШ; 22.53139° ИГД / 41.33361; 22.53139Координати: 41°20′01″N 22°31′53″E / 41.33361° СГШ; 22.53139° ИГД / 41.33361; 22.53139
Регион Logo of Southeastern Region, North Macedonia.svg Југоисточен
Општина Coat of arms of Valandovo Municipality.svg Валандово
Област Бојмија
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Повик. бр. 044
Шифра на КО
Надм. вис. 230 м
Вејсели на општинската карта
Вејсели во Општина Валандово.svg

Атарот на Вејсели во рамките на општината
Commons-logo.svg Вејсели на Ризницата


Вејсели — село во Општина Валандово, југоисточна Македонија. Денес нема жители.[2]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Бојмија, оддалечено 6 км северозападно од Валандово и нешто повеќе од 1 км северно од Пирава. Сместено е на јужните падини на Плавуш, на надморска височона од 230 м.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

На крајот на XIX век Вејсели било наполно турско село во Дојранската каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Весели (Véséli) имало 70 домаќинства, сочинети од 141 муслиман.[4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Венсели имало 280 жители, сите Турци.[5]

Според османистот Димитар Гаџанов во 1916 г. во Весели живееле 40 Турци.[6]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
194893—    
1953115+23.7%
19610−100.0%
197100.00%
198100.00%
ГодинаНас.±%
199100.00%
199400.00%
200200.00%
202100.00%

Населението на селото значајно се намалило во периодот пред Втората светска војна. По војната, тоа доживеало мал пораст, за во 1951 г. да достигне 115 жители. Во текот на таа деценија Вејсели наполно се испразнило, веројатно поради иселувањето на Турците од Македонија. Според пописот од 2002 година, Бајрамбос немал ниеден жител.[2] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 280 93 115 0 0 0 0 0 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
  3. Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 49. ISBN 9989-862-00-1.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 194-195.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 162.
  6. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 246.
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]