Собри
Собри | |
Општина | Валандово |
Население | 225 жит. (поп. 2002) |
Шифра на КО | 04019 |
Надм. вис. | 267 м |
Собри — село во Општина Валандово, во околината на градот Валандово.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во јужното подножје на Беласица. Традиционално се дели на Горно и Долно Собри.
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век селото било дел од Дојранската каза на Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Собри живееле 255 жители, од кои 135 Турци, 90 Македонци и 50 Роми.[1]
Според пописот од 2002 години селото Собри има 225 жители од кои 217 Македонци и 8 Срби.[2]
На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[3]
Година | 1900 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 255[1] | 167 | 199 | 244 | 241 | 240 | 248 | 250 | 225 |
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 300 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[4]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 158 гласачи.[5]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви[6]
- Црква „Св. Димитриј“ — единствената селска црква;[7]
- Археолошки наоѓалишта[8]
- Голема Црква — средновековна црква и некропола;
- Гробишта — некропола од железно време;
- Бела Чешма — некропола од железно време;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 163.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Жителите на Собри, валандовско конечно имаат своја црква“. Региони. 6 декември 2012. Архивирано од изворникот на 2012-12-30. Посетено на 2013-02-12.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|