Прејди на содржината

Гробишта (Собри)

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Гробишта“

Карта

Местоположба 41°17′36″N 22°38′3″E / 41.29333°N 22.63417°E / 41.29333; 22.63417
Основни податоци
МестоСобри
ОпштинаВаландово
Тип

 некропола


Период железно време
Портал „Археологија“

Гробишта — археолошко наоѓалиште во валандовското село Собри. Претставува некропола од железното време. Се наоѓа на 1,5 км источно од селото, над десниот брег на Анска Река, на една коса тераса, со пад од север кон југ, каде се забележуваат многубројни големи монолитни плочи со димензии од 2,20 × 0,80 м. Под плочите се оцртуваат конструкции на гробови од типот цисти. Целиот терен е обраснат со ниска густа вегетација која го отежнува движењето меѓу гробовите.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069