Ѓулели
Ѓулели — село во Општина Валандово, југоисточна Македонија. Денес нема жители.[1]
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селтоо се наоѓа во областа Бојмија, во јужното подножје на планината Плавуш. Крај селото тече Аразлиска Река и оди во југозападен правец, па се влева во Вардар на самиот крај од атарот.
Историја[уреди | уреди извор]
На крајот од XIX век Ѓулели било наполно турско село во Дојранската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Ѓулели (Гьолели) имало 100 жители, сите Турци.[2]
Демографија[уреди | уреди извор]
Населението на селото почнало да опаѓа уште во првите децении на XX век, и по Втората светска војна тоа било располовено во однос на почетокот на векот. Доживеало извесен пораст во текот на наредните години, но во 1950-тите е целосно напуштено со иселувањето на Турците од Македонија. Според пописот од 2002 година, Ѓулели немало ниеден жител.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[3] | 1905[4] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 100 | — | 46 | 66 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[5]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 162.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
Оваа статија за за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|