Башали
Башали — село во Општина Валандово, југоисточна Македонија. Денес нема жители.[1]
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во областа Бојмија, помеѓу планините Плавуш на исток и Градешка Планина на запад. Атарот зафќа површина од 8 км2.[2]
Под селото, во југозападен правец тече Башалиска Река, која потоа прима разни притоки за понатаму да се нарече Аразлиска Река и да заврши како лева притока на Вардар меѓу Удово и Ѓулели на 8 км југозападно од Башали.
Историја[уреди | уреди извор]
На крајот од XIX век Башали било претежно турско село во Дојранската каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Бахчели (Bahtchely) имало 90 домаќинства сочинети од 168 муслимани.[3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Бахчели имало 344 жители, од кои 320 Турци и 24 Роми.[4]
Демографија[уреди | уреди извор]
Во последните децении на XIX век селото доживеало голем раст, кој траел и во почетокот на XX век. Ова подоцна се променило во 1950-тите кога е забележан е многу значен пад на населението, што се должи на иселувањето на Турците од Македонија. Селото продолжило да се празни и во 1960-тите, така што до крајот на деценијата не останал ниту еден Турчин. Интересно е да се забележи дека на пописот од 1971 г. во Башали се заведени 57 лица, од кои сите под графата „останати“.[5] Нејасно е дали станува збор за грешка или некакво привремено сместување на друго население. Во текот на следните години селото сосема се испразнило. Според пописот од 2002 година, Башали немало ниеден жител.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[6] | 1905[7] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 344 | — | 86 | 93 | 51 | 57 | 0 | 0 | 0 | 0 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
- ↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (изд. I.). Скопје: Патрија. стр. 21. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението од 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 194-195.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 162.
- ↑ Башали — Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|