Христо Андонов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Hristo Andonov.jpg
Роден 2 февруари 1887
Грчиште, Македонија
Починал 1928
Самуилово, Бугарија

Христо Андонов Ушинов (2 февруари 1887 - 1928) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Внатрешна македонска револуционерна организација .[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Организациското оделение на Тодор Александров, Христо Андонов е втор од лево кон десно.

Андонов е роден во гевгелиското село Грчиште во 1887 година. Влегува во ВМОРО, но е прогонуван од страна на властите и бега во Бугарија. При избувнувањето на Првата балканска војна, Андонов е доброволец во Македонско-одринското ополчение и служи во четата на Ичко Димитров, подоцна во четата на Коста Христов Попето и во IV чета при 15-та штипска дружина [2].

По завршувањето на Првата светска војна се вклучува во обновата на ВМРО и станува четник во струмичката чета. Во април 1923 година станува дојрански околиски војвода на ВМРО. Четата развива голема дејност и успева да организира околијата. Во август околијата е доверена на Петар Овчаров, а од јули 1924 година повторно е преземана од Андонов. Во ноември 1924 година се бори во месноста Борисовско во Беласица [3][4] .

Во 1924 година учествува како делегат на Солунскиот окружен конгрес на ВМРО и е избран за резерви член на Окружниот комитет [5]. Во пролетта 1925 година ја поминува реката Вардар заедно со четите на Илија Лерински, Андон Попштерев, Тале Андонов и Наум Јосифов и Петар Ангелов [6]. Во 1928 година е делегат на Седмиот конгрес на ВМРО.

За време на криза во ВМРО, по убиството на Александар Протоѓеров, во 1928 година Христо Андонов е на страната на Михајловистите. Убиен е во 1928 година во близина на селото Димидово од Христо Гоглев, испратен од пратеникот на протогеровистичкиот централен комитет - Димитар Димашев. По убиството Гоглев се предава на српските власти и станува ренегат [7][8].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 10
  2. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 40.
  3. Пърличев, Кирил. VІ конгрес на ВМРО (1925), Веда МЖ, София, 2005, стр. 136.
  4. Куманов, Милен. „Македония. Кратък исторически справочник“, София, 1993, стр. 15.
  5. Пърличев, Кирил. VІ конгрес на ВМРО (1925), Веда МЖ, София, 2005, стр. 27, 87 - 91.
  6. Спомени на Георги Попхристов [1]
  7. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация . Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 9.
  8. Защо бе убит Александър Протогеров. Светлина върху събитията от 1924 и 1928 години. По данни на Вътрешната македонска революционна организация, София, 1992, стр. 181.