Градиште (Градец)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
За истоимениот локалитет во валандовски Градец видете тука
Macedonian archaeology stub icon.svg
Macedonian archaeology stub icon.svg
Археолошко наоѓалиште
Градиште
Градиште се наоѓа во местоположба во рамките на Македонија
Градиште
Градиште
(местоположба во рамките на Македонија)
Местоположба 41°53′45″ СГШ 20°54′15″ ИГД / 
Основни податоци
Име Градиште
Место Градец (Гостиварско)
Општина Врапчиште
Тип

Археомак 2.0 графички знак (градиште).svg градиште

Период римско време
среден век
Портал „Археологија“  • Проект „Археомак“

Градиштеархеолошки локалитет во гостиварското село Градец, Општина Врапчиште. Локалитетот претставува градиште од римското време и средниот век. Се наоѓа на западната периферија на селото, каде што се издига висок рид кој од западната страна со долот Сува Река е отсечен од масивот на Шар Планина. Пристапен е единствено од источната страна која е отворена и во помали тераси се спушта кон полето. На долните тераси се забележуваат бедеми ѕидани од кршен камен и варов малтер, а по површината има множество кршен камен, тегули, фрагменти од питоси и керамички садови. Најдени се монети и надгробни стели од бел мермер. Градиштето има извонредна стратегиска положба и се претпоставува дека би можело да се работи за легендарниот град Полог.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996).Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069