Градиште (Градец, Гостиварско)
За други истоимени места, погледајте Градиште (Градец).
Градиште — археолошко наоѓалиште во гостиварското село Градец, Општина Врапчиште. Претставува градиште од римското време и средниот век. Се наоѓа на западната периферија на селото, каде што се издига висок рид кој од западната страна со долот Сува Река е отсечен од масивот на Шар Планина. Пристапен е единствено од источната страна која е отворена и во помали тераси се спушта кон полето. На долните тераси се забележуваат бедеми ѕидани од кршен камен и варов малтер, а по површината има множество кршен камен, тегули, фрагменти од питоси и керамички садови. Најдени се монети и надгробни стели од бел мермер. Градиштето има извонредна стратегиска положба и се претпоставува дека би можело да се работи за легендарниот град Полог.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Голема Чешма — црква и некропола среден век;
- Поточане — населба од средниот век;
- Тумба — утврдување од римско време;
- Црквиште — црква и некропола од средниот век;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996).Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|
Категории:
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од римско време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од среден век
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на градиште
- Градец (Гостиварско)
- Археолошки наоѓалишта во Општина Врапчиште
- Никулци за археологијата на Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Гостиварско