Прејди на содржината

Голема Чешма (Градец)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Голема Чешма

Карта

Местоположба 41°53′45″N 20°54′15″E / 41.89583°N 20.90417°E / 41.89583; 20.90417
Основни податоци
МестоГрадец
ОпштинаВрапчиште
Тип

 црква  некропола


Период среден век
Портал „Археологија“

Голема Чешма или Црквиште археолошко наоѓалиште во гостиварското село Градец. Претставува средновековна црква и некропола. Се наоѓа во југозападниот дел на селото, веднаш над селската чешма, на површина од 80 × 80 м се среќаваат грамади од градежен материјал, фрагменти од архитектонска пластика, а според кажувањето на мештаните, бил откриен и мозаичен под. Во профилот на источниот раб од теренот се гледаат гробови со конструкции од камени плочи од типот циста. Грамадите од градежен камен укажуваат на постоење на сакрален објект, на што му оди во прилог и самиот втор топоним Црквиште.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  • Градиште — градиште од римско време и среден век;
  • Поточане — населба од средниот век;
  • Тумба — утврдување од римско време;
  • Црквиште — црква и некропола од средниот век;
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069