Маркулија (Арангел)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Маркулија
археолошко наоѓалиште
Markulija.jpg

План на Маркулија

Маркулија is located in Археолошки локалитет во Македонија
Маркулија
Маркулија
(Грешка во скриптата: Нема модул наречен „Location map/old“.)
Местоположба 41°35′40″N 21°01′27″E / 41.59444° СГШ; 21.02417° ИГД / 41.59444; 21.02417Координати: 41°35′40″N 21°01′27″E / 41.59444° СГШ; 21.02417° ИГД / 41.59444; 21.02417
Основни податоци
Име Маркулија
Место Арангел
Општина Кичево
Тип

Археомак 2.0 графички знак (градиште).svg градиште

Период доцноантичко време
Портал „Археологија“  • Проект „Археомак“

Маркулија („Маркова Кула“) е тврдина-крајпатна стража 1 км североисточно од раселеното село Арангел и исто толку далеку од Србица, обете во Кичевско. Претставува истурена планинска гранка што завршува со заоблена чука 100 м високо над источниот раб на долината (872 м н.м.). Визуелно е поврзана со Кичево 10,5 км на југозапад. Стариот пат КичевоГостивар поминувал крај ридот и 7 км северно оттука го достигал планинскиот премин Кафа. Таму лежат и старите рудници на железо, додека рудниците на јаглен (површински копови) лежат 3 км јужно од Маркулија, во атарот на Осломеј.[1]

Најстари остатоци[уреди | уреди извор]

Во доцноантичко време на врвот од чуката било изградено обѕидие со малтер, што затворало простор од 1,4 ха. Наоди: доцноантичка грнчарија, монети од доцниот IV и VI век. Во долината 1 км јужно од Маркулија, на потегот „Манастириште” и „Меѓа”, лежат остатоци од истовремена населба со ранохристијанска црква. Кастелот на Маркулија ја штител оваа рударска населба и го надгледувал преминот меѓу провинциите Нов Епир и Превалитана.

Средновековни остатоци[уреди | уреди извор]

Во средишниот дел на тврдината регистрирани се парчиња од словенски црепни, ситни предмети исковани од железо и врвови од стрели за пробивање панцир, потоа една бронзена апликацијатамга (протобугарска, IXX век). На обѕидието нема траги од обновувања.

На Маркулија веројатно само повремено постоела стража низ кризните години, којашто го контролирала важниот пат од Охрид преку Кичево кон Полозите и кон Скопје на север.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996).Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  • И. Микулчиќ TIR, 17