Селце (Брждани)
Селце — археолошко наоѓалиште во кичевското село Брждани. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа на околу 2 км северно од селото, во приватни ниви,каде се откривани темели од ѕидови на објекти, а на површината се наоѓаат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули, имбрекси и множество градежен материјал. Податокот на Т. Смиљаниќ во врска со надгробна плоча со латински натпис можеби се однесува на наоѓалиштето Селце.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Богородичина Краста — тврдина од доцноантичкото време;
- Водици — средновековна црква и некропола;
- Селиште — доцноантичка населба со топилница и некропола;
- Брждани;
- Список на археолошки наоѓалишта во Кичевско;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче(1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |