Црква „Св. Ѓорѓи“ - Вранештица
Свети Ѓорѓи | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Дебарско-кичевска |
| Архијерејско намесништво | Кичевско |
| Парохија | Прва кичевска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°26′36.1″N 21°01′47.8″E / 41.443361°N 21.029944°E |
| Место | Вранештица |
| Општина | Кичево |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Ѓорѓи |
| Архитектонски опис | |
| Архит. тип | еднокорабна |
Свети Ѓорѓи — доцносредновековна селска црква во кичевското село Вранештица, Македонија.[1] Прогласена е за споменик на културата на Македонија.
Самата црква всушност е означена како археолошко наоѓалиште од типот доцносредновековна црква и некропола.[2]
Мештаните за црквата кажуваат дека е „римска“. Околу нејзе се наоѓаат гробишта за жителите на Горното Маало на селото Вранештица.[3]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата се наоѓа непосредно до селото, од јужната страна, на мала височинка.[2] Сместено е во Горно Маало на селото.[4]
Околу неа има некропола со гробови од камени плочи.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Била подигната во XVI-XVII век.[2] Според историчарите на уметноста црквата била изградена кон крајот на XVI век.[5]
Сепак, други извори наведуваат дека таа е подигната и живописана со помош на „мали и велики“ (жители) во времето на турскиот султан Бајазит и епископот кир Герасим, најверојатно во 1498/1499 година.[4]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Има правоаголна основа со мали димензии и покрив на две води од камени плочи, а на источната страна мала полукружна апсида.[2] Црквата е еднокорабна.[4]
Фрескоживопис
[уреди | уреди извор]Црквата поседува фрескоживопис.[2] Била живописана за само 20 дена од Димитар Зограф, кој се потпишал инверзно на крајот од ктиторскиот натпис.[4]
Во сликаната програма внимание привлекува царскиот Деисис, со Христос, Богородица и Јован Крстител, потоа претставата на патронот Св. Ѓорѓи во благородничка облека и Св. Никола со епитет Крмител.[4]
Црквата поседувала фасаден живопис, кој е делумно зачуван.[4]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Гробишта околу црквата
- Припратата на црквата
- Апсидата
- Помошниот објект
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- 1 2 3 4 5 6 Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 110.
- 1 2 3 4 5 6 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „„Свети Ѓорѓи"“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1324. Text "series " ignored (help)
- ↑ „Дебарско-кичевска епархија“. web.archive.org. 2014-03-04. Архивирано од изворникот на 2014-03-04. Посетено на 2020-11-24.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Ѓорѓи“ - Вранештица на Ризницата ?
| ||||||||
- Цркви на Македонската православна црква
- Цркви во Дебарско-кичевската епархија
- Цркви во Кичевското архијерејско намесништво
- Прва кичевска парохија
- Цркви во Општина Кичево
- Вранештица
- Археолошки наоѓалишта во Кичевско
- Културно наследство на Македонија во Општина Кичево
- Храмови посветени на Свети Ѓорѓи во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од доцен среден век
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на црква
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на некропола
- Археолошки наоѓалишта во Општина Кичево


