Градиште (Подвис)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Градиште
археолошко наоѓалиште
Градиште is located in Археолошки локалитет во Македонија
Градиште
Градиште
(Грешка во скриптата: Нема модул наречен „Location map/old“.)
Местоположба 41°28′0″N 20°54′0″E / 41.46667° СГШ; 20.90000° ИГД / 41.46667; 20.90000Координати: 41°28′0″N 20°54′0″E / 41.46667° СГШ; 20.90000° ИГД / 41.46667; 20.90000
Основни податоци
Име Градиште
Место Подвис (Кичевско)
Општина Кичево
Тип

Археомак 2.0 графички знак (населба).svg населба

Период доцноантичко време
Портал „Археологија“  • Проект „Археомак“

Градиште е археолошки локалитет во Кичевското село Подвис. Локалитетот претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа на 1 km западно од селото, каде има голема височинка со стрмни страни, што се наоѓа источно од суводолицата Плевење и северно од патот Кичево-Охрид. Врвот ѝ е зарамнет, со површина од 50 x 25 m, опкружен со бедем чии темели можат прилично добро да се насетат. Според кажувањето на мештаните, до скоро време бедемот бил видлив на повеќе места. Денес во просторот на градиштето има множество фрагменти од питоси, покривни ќерамиди, купишта кршен камен и друг градежен материјал. На источната страна, во подножјето, во приватни ниви се најдени два примерока од архитектонска декоративна пластика, поточно, капител и квадратен блок од мермер. Капителот е во облик на пресечена пирамида на која трите страни ѝ се украсени со орнамент во облик на лушпи од риба, додека на четвртата (челната) има четвртесто поле во кое се врежани буквите КОЅ, изведени во римска капитела. Што се однесува до блокот, на горната страна има врежано каналче за поврзување со олово, според што може да се претпостави дека имал функција на некаков постамент, можеби база на столб. По површината на нивите има доста фрагменти од тегули. Наодите се чуваат во Музејот во Кичево.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски[уреди | уреди извор]