Палатишта (Кичево)
Палатишта — археолошко наоѓалиште во Кичево. Претставува населба од римско време. Се наоѓа на мала височинка што доминира над околниот терен, оддалечена околу 700 м западно од ДК „Копачка“, од левата страна на патот Кичево-Охрид, каде по површината се гледаат грамади од градежен материјал, а околу нив и фрагменти од керамички садови. Оттука потекнуваат и мермерни плочи најдени во приватна нива на жител од селото Другово.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Китино Кале — утврдена населба од бронзеното и железното време и средниот век;
- Китка — депо на средновековни монети;
- Околината на Кичево — депо на средновековни монети;
- Чука — населба од бронзеното време;
- Џума Џамија — објект од средниот век;
- Список на археолошки наоѓалишта во Кичевско;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996).Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |