Чукаре (Длапкин Дол)
Чукаре — археолошко наоѓалиште во кичевското село Длапкин Дол, Општина Кичево. Претставува населба од железното, хеленистичкото, римското и доцноантичкото време.Се наоѓа во непосредната близина на селото, од неговата северна страна, на висок рид што се издига над железничкиот мост и коритото на Мала Река. На врвот, кој има зарамнето плато со површина од 200 × 150 м, се зачувани остатоци од населба со одбранбен бедем ѕидан од камен и варов малтер. На површината се присутни фрагменти од керамички садови, градежен материјал и згура од топена железна руда. Керамиката според фактурата, изработката, типологијата и украсувањето е од различни временски и културни епохи. Наодите се чуваат во Музејот во Кичево.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Категорија:
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од железно време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од хеленистичко време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од римско време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на населба
- Длапкин Дол
- Археолошки наоѓалишта во Општина Кичево
- Никулци за археологијата на Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Кичевско
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од доцноантичко време
- Културно наследство на Македонија во Општина Кичево