Стар Задел (Лазаровци)
Стар Задел или Еѓупски Дол — археолошко наоѓалиште во кичевското село Лазаровци. Претставува депо на сребрени монети од римско време. Откриен бил при експлоатацијата на камен, кога во 1961 година биле пронајдени повеќе сребрени монети. Временски, монетите му припаѓаат на II-I век пред н.е. и се ковани во ковниците Дирахиум и Аполонија. Еден дел се чува и во Музејот во Кичево, додека 7 се чуваат во семејството на пронаоѓачот.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Сретсело — раносредновековна населба;
- Рашо Ливада — депо на монети од средниот век;
- Лазаровци;
- Список на археолошки наоѓалишта во Кичевско;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |