Св. Ѓорѓи (Орланци)
Св. Ѓорѓи — археолошко наоѓалиште во кичевското село Орланци. Претставува црква од средниот век. Се наоѓа во непосредната близина на селото, од неговата северна страна, каде што се издига височинката Краста. На врвот се наоѓаат остатоци од темели на објект со димензии од 4 × 5 метри, граден од делкани камења. Мештаните го сметаат за култно место и до ден-денес останала традицијата тука да се палат свеќи.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Рамниште — средновековна населба;
- Св. Никола — средновековна црква;
- Орланци;
- Список на археолошки наоѓалишта во Кичевско;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |