Градиште (Миокази)
„Градиште“
| |
![]() Пронајдоци од наоѓалиштето изложени во Најмалиот етнолошки музеј во светот во Џепчиште | |
Местоположба | 41°29′0″N 21°3′7″E / 41.48333°N 21.05194°E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Миокази |
Општина | Кичево |
Тип |
|
Период | неолитско време |
железно време | |
хеленистичко време | |
среден век | |
Портал „Археологија“ |
Градиште или Венец — археолошко наоѓалиште во кичевското село Миокази. Претставува населба од неолитското, железното, хеленистичкото, римско, доцноантичкото време и средниот век[1][2]. Се наоѓа на околу 800 метри југоисточно од селото, каде што се издига височинка издолжена во правец запад-исток. Од нејзината западна страна има помала височинка со правилна конусна форма наречена Крст — одвоена од градиштето со мал преслап. Северната страна на градиштето стрмно се спушта кон коритото на Рабетинска Река, над која, од спротивната страна, се издига високиот рид Кале. Што се однесува до источната и јужната страна, тие се поблаги и се спуштаат кон рамното поле низ кое минува патот Кичево-Македонски Брод, а малку подалеку од него е коритото на Велика Река. Градиштето е опкружено со масивен бедем широк 2 метри, од кој се зачувани темелите, наместа високи 2 до 3 метри. На бедемот има 12 кули со димензии од 6 × 6 метри, распоредени на 20 до 30 метри една од друга. Како засилување на безбедноста, на западниот крај, пред бедемот бил подигнат заштитен ѕид. Внатрешниот простор на градиштето има нерамна конфигурација, а на површината е присутно множество кршен камен, тегули, тули и друг градежен материјал. На одделни места се гледаат дури и темели од ѕидови на помали објекти. Во 1979 и 1981 година биле вршени сондажниископувања при што се откриени остатоци од сакрална градба — базилика од 5 или 6 век, гробови од некропола од 5-6 век, архитектонски остатоци од два доцноантички станбени објекта, како и неолитски артефакти. Подвижниот археолошки материјал откриен со овие работи недвосмислено покажува дека во градиштето се живеело долго, од доцниот неолит до средниот век. Наодите се чуваат во Музејот во Кичево.[3]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Дирек — населба од римско време
- Зад Чука — населба од римско време
- Кале — населба од рисмко време
- Крст — некропола од римско време
- Топлец — доцноантичка населба
- Миокази
- Список на археолошки наоѓалишта во Кичевско
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Битракова - Грозданоца, Вера (1987). Споменици од хеленистичкиот период во СР Македонија. Скопје: Филозофски факултет -УКИМ. стр. 224.
- ↑ Микулчиќ, Иван (1996). Средновековни градови и тврдини во Македонија. Скопје: Македонска цивилизација. ISBN 9989756066. Архивирано од изворникот на 2013-10-05. Посетено на 2011-04-12.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Градиште (Миокази) на Ризницата ?
|
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од неолитско време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од железно време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од хеленистичко време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од среден век
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на населба
- Миокази
- Археолошки наоѓалишта во Општина Кичево
- Археолошки наоѓалишта во Кичевско
- Културно наследство на Македонија во Општина Кичево