Зграда на Музејот „Западна Македонија во НОБ“
Зграда на Музејот „Западна Македонија во НОБ“ | |
---|---|
Поглед на музејот | |
Општи податоци | |
Статус | споменик на културата |
Вид | музејска зграда |
Стил | неокласичен |
Адреса | ул. „Стојан Божиноски“ бр. 1 |
Град | Кичево |
Земја | Македонија |
Завршена | 1892 (најстарата зграда) |
Зграда на Музејот „Западна Македонија во НОБ“ — музејска зграда во градот Кичево, прогласена за културно наследство на Македонија.[1]
Опис
[уреди | уреди извор]Зградата на Музејот „Западна Македонија во НОБ“ всушност претставува комплекс од три меѓусебно поврзани згради сместени во Кичевската чаршија, во западното подножје на Китино кале. Најстариот и средиштен објект е изграден во 1892 г. Годината на изградба на втората зграда не е позната, но се одликува со истите стилски особености на фасадата. Третата зграда е целосно реконструирана во периодот од 1972 до 1978 г., и со тоа и таа ги добива истите стилски особености.
Музејот има приземје и кат. Однадвор е профилиран во стилот на доцниот неокласицизам од крајот на XIX и почетокот на XX век. Главната (чаршиска) фасада на приземјето има големи прозорци со полукружни завршетоци. Катот има помали правоаголни прозорци украсени со богата штукатура која во горниот дел образува свод. Отворите се поделени со пиластри, а меѓу катовите и под покривот има хоризонтален венец. На фасадата на средниот објект има покривен тимпанон над катниот балкон, и на него е напишана годината „1892“.[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
- ↑ „Зграда на музејот Западна македонија во НОВ“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2017-11-11. Посетено на 16 август 2017.