Богородичина Краста (Брждани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Богородичина Краста
археолошко наоѓалиште
Богородичина Краста is located in Македонија
Богородичина Краста
Местоположба на Богородичина Краста во Македонија
Местоположба 41°26′48″N 20°54′24″E / 41.44667° N; 20.90667° E / 41.44667; 20.90667Координати: 41°26′48″N 20°54′24″E / 41.44667° N; 20.90667° E / 41.44667; 20.90667
Основни податоци
Место Брждани
Општина Кичево
Тип

Археомак 2.0 графички знак (тврдина).svg тврдина


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Богородичина Крастаархеолошко наоѓалиште во кичевското село Брждани. Претставува тврдина од доцноантичко време. Се наоѓа на висок рид меѓу селата Свињиште и Брждани и има добра прегледност над коритото на Бржданска Река и патот Кичево-Битола. На врвот има рамно плато, издолжено во правец исток-запад, кое на јужниот крај е карпесто и стрмно. Со исклучок на карпестиот дел, рабовите на платото ги следат остатоци од бедем широк од 1 до 1,5 метар што наместа се наѕира. Целото плато е речиси прекопано од селаните, од потрагите по драгоцености и градежен камен. Така, во западниот крај се гледаат темели од објект со повеќе простории од кои една има димензии од 5 × 5 м, а приближно на средината темели (широки 0,70 м) од објект со габарит од 8 × 8 м, организиран во две еднакви простории, ѕидан од кршен камен и варов малтер. Во шутот покрај ѕидовите има и парчиња од градежни тули широки 15 и дебели 2 см. Според сеќавањата на месен жител, во 1932 и 1933 година учениците од селото заедно со својот учител работеле на раскопувањето на темелите при што ваделе и парчиња малтер со траги од живопис.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069