Кодракалангочит (Црвивци)
Кодракалангочит — археолошко наоѓалиште во кичевското село Црвивци. Претставува населба од неолитско време. Се наоѓа на околу 500 м југозападно од селото и на околу 150 м од Зајаска Река. На благата падина под ридот Чука, што постепено се спушта кон полето, поточно во приватни ниви, што зафаќаат простор од 3 декара, има множество фрагменти од керамички садови, орудија од кремен и куќен лепеж. Според фактурата, бојата и другите типолошки карактеристики на керамиката, населбата е среднонеолитска и културно блиска на велушко-породинската група од Пелагонија.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Латинска црква — црква од средниот век;
- Црвивци;
- Список на археолошки наоѓалишта во Кичевско;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче(1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |