Кале (Вранештица)
Кале — археолошко наоѓалиште во кичевското село Вранештица. Претставува доцноантичко утврдување. Се наоѓа на околу 4,5 км јужно од селото, високо во планината, во непосредната близина на стариот пат Кичево-Битола. Овде постојат три височинки именувани како Горно, Средно и Долно Кале. Според кажувањето на жителите, на една од нив се гледале ѕидови од утврдување, кои денес малку се забележуваат. Томо Смиљаниќ зебележал дека во ова наоѓалиште биле најдени старо оружје и големи керамички садови.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Градиште — средновековна населба и некропола;
- Св. Ѓорѓи — црква и некропола од доцниот среден век;
- Св. Илија — црква и некропола од доцниот среден век;
- Вранештица;
- Список на археолошки наоѓалишта во Кичевско;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче(1996).Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |