Прејди на содржината

Рабетинска Река

Од Википедија — слободната енциклопедија
Рабетинска Река
Реката низ Светораче
Местоположба
Физички особености
Извор 
 • местоЧелоица, Кичевско
 • координати41°34′56.57″N 21°5′44.63″E / 41.5823806°N 21.0957306°E / 41.5823806; 21.0957306
 • надм. вис.1.650 м
Устие 
 • место
Треска, кај Лисичани, Кичевско
 • координати
41°27′51.08″N 21°3′45.18″E / 41.4641889°N 21.0625500°E / 41.4641889; 21.0625500
 • надм. вис.
575 м
Должина15,4 км
Големина на сливот65,5 км2
Особености на сливот

Рабетинска Река — река во западниот дел на Македонија, лева притока на Треска во Кичевскиот крај.

Настанува во извориштето Мочур (на надморска височина од 1.650 м), во јужните падини на планината Челоица, источно од Кичево. Поминува низ селата Рабетино, Дупјани, Светораче и Речани, и се влева во левата страна на Треска, кај с. Лисичани, на висина од 575 м. Нејзиниот слив соодветствува на подобласта Горно Рабетино.

Вкупната должина од изворот до вливот и изнесува 15,4 км, минималната должина 13,1 км а коефициентот на развиеност е 1,18. Вкупниот пад помеѓу изворот и вливот изнесува 1.075 м а просечниот 69,8.[1] Вкупната должина на водоразделната линија и изнесува 37,0 км, а сливот зафаќа 65,5 км2.[2]

Реката во селото Светораче

Долината има правец на протегање север-југ. Во горниот тек сè до селото Рабетино таа има изразито планински карактер. Јужно од Светораче нејзината плавина се проширува, а самата долина е всечена во дното од средишната езерска рамнина.

Во долниот тек Рабетинска Река е всечена меѓу возвишенијата Старец (1.035 м) и Кале (1.022 м) од една и Чука од другата страна.[1]

Ова се притоките на Рабетинска Река, кои се повремени или трајни водотеци, наведени по редослед на течението:

Рабетино

[уреди | уреди извор]

Рабетино (или Рабетинкол) е област во Кичевијата која го опфаќа сливот на Рабетинска Река и долниот тек на реката Треска, од селата Лисичани и Челопеци, па до селото Латово. Се дели на два дела: Горно Рабетино (споменатиот слив) и Долно Рабетино.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 Димитровска, Олгица (2013). „Основни хидрографски одлики на притоките на реката Треска“ (PDF). Географски разгледи. Скопје: Македонско географско друштво. 2012 (46): 37–49. ISSN 1409-908X.
  2. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 58. ISBN 978-9989-2117-6-8.