Подвис (Кичевско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Подвис
Подвис се наоѓа во Republic of Macedonia
Подвис
Местоположба на Подвис во Македонија
Координати 41°28′00″ СГШ 20°54′00″ ИГД / 
Општина Coat of arms of Kičevo Municipality.png Кичево
Население 72 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 758 м
Commons-logo.svg Подвис на Ризницата
Карта на општина Другово со селските атари.

Подвис е село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево. Селото е значајно за македонската историја и култура бидејќи во ова село во селското училиште во 1943 година за прв пат се одржала настава на современ македонски јазик.[1]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Подвис се наоѓа во областа Горна Копачка, на десниот брег на реката Треска, оддалечено 8 километри југозападно од Кичево.

Историја[уреди | уреди извор]

Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училишен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Подвис:[2]

Домаќинства Гурбетчии Писмени Неписмени
мажи жени вкупно мажи жени вкупно
37 20 39 13 52 59 84 143

За време на Втората светска војна, на 23 септември 1943 година во селското училиште во Подвис за прв пат се одржала настава на македонски јазик на слободната територија, а за прв учител бил наименуван Василко Лазарески од Подвис.[1]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според податоците од 1873 година, селото имало 19 домаќинства со 78 жители христијани (Македонци).[3]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Подвис живееле 304 жители, сите Македонци.[4]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Подвис имало 280 Македонци, егзархисти.[5] Според пописот од 2002 година, во селото Подвис живеат 72 жители, сите Македонци.

На табелата е прикажан бројот на население во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 304[4] 280[5] 217 198 188 142 90 91 99 72

Родови[уреди | уреди извор]

Подвис е населено со православни Македонци. Сите родови во Подвис се доселенички. Првиот род во селото дошол крајот на ХVIII век од Закамен, а потоа дошле и други родови.[6]

Родови во Подвис се: Каракашовци доселени од Закамен; Трпковци и Бојовци потекнуваат од претци кои биле браќа и кои дошле од селото Клење, Голо Брдо, денес во Албанија.

Личности[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Бевме првачиња и на 11 години“ (на македонски). Нова Македонија. http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=92113936596&id=9&setIzdanie=22983. посет. 20 јуни 2014 г. 
  2. Стойчева, Станислава. Аспекти на грамотността на българското население в Македония (1878 – 1912), Македонски преглед, година ХХХVІІІ, 2015, кн. 2, с. 75.
  3. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.90-91.
  4. 4,0 4,1 Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.256
  5. 5,0 5,1 Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рp. 154-155.
  6. Ф., Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина : сеоска насеља и становништво. Izdanje autora]. OCLC 18500423. http://worldcat.org/oclc/18500423. 

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]