Прва кичевска парохија

Координати: 41°30′41″N 20°57′48″E / 41.51139° СГШ; 20.96333° ИГД / 41.51139; 20.96333
Од Википедија — слободната енциклопедија
Кичевската градска катедрала Црква „Св. Петар и Павле“ е парохиско седиште

Прва кичевска парохија — православна парохија на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, дел од Кичевското архијерејско намесништво на Дебарско-кичевската епархија. Нејзиното седиште е во кичевската градска соборна црква „Св. Петар и Павле“. Покрај дел од градот Кичево, парохијата ги опфаќа и селата: Атишта, Бигор Доленци, Вранештица, Дупјани, Карбуница, Козичино, Крушица, Лисичани, Миокази, Орланци, Патец, Рабетино, Речани, Светораче, Староец и Челопеци.

Парохиски свештеник е протојереј-ставрофор Ѓорѓи Лапоски.

Цркви[уреди | уреди извор]

Ова е список на црквите во парохијата.[1] Можно е списокот да е нецелосен.

име населено место изградена слика
Црква „Св. Петар и Павле“ Кичево
(парохиско седиште)
почеток на XX век
Црква „Св. Димитриј“ Атишта 1936
Црква „Св. Антониј“ Бигор Доленци 1865
Црква „Св. Петка“ Бигор Доленци 1858
Црква „Св. Недела“ Бигор Доленци
Црква „Св. Никола“ Вранештица 1858
Црква „Св. Ѓорѓи“ Вранештица XVI век
Црква „Св. Илија“ Вранештица XVI век
Црква „Св. Ѓорѓи“ Дупјани 1872
Црква „Св. Недела“ Дупјани
Црква „Св. Никола“ Карбуница 1862
Црква „Св. Атанасиј“ Козичино 1883
Црква „Св. Богородица“ Крушица XIX век
Црква „Св. Илија“ Лисичани 1995
Црква „Св. Атанасиј“ Миокази 1935
Црква „Св. Никола“ Орланци 1872
Црква „Св. Недела“ Орланци 1938
Црква „Св. Петка“ Патец 1996
Црква „Св. Димитриј“ Рабетино XIX век
Црква „Св. Никола“ Речани 1933
Црква „Св. Кузман и Дамјан“ Светораче 1858
Црква „Св. Јован Крстител“ Староец 1999
Црква „Св. Илија“ Челопеци 1861

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

41°30′41″N 20°57′48″E / 41.51139° СГШ; 20.96333° ИГД / 41.51139; 20.96333