Црква „Св. Петар и Павле“ - Кичево
Свети Апостоли Петар и Павле | |
Поглед кон црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Дебарско-кичевска |
| Архијерејско намесништво | Кичевско |
| Парохија | Прва кичевска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Место | Кичево |
| Општина | Кичево |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Апостол Петар и Апостол Павле |
| Изградба | 1907 |
| Архитектонски опис | |
Свети Апостоли Петар и Павле е главната градска црква во Кичево.[1] Според податоците, таа е изградена на почетокот на дваесеттиот век, но на темели од постара црква. Нејзиното целосно обновување е извршено во 1974/75 година, кога го добива денешниот изглед. Обновувањето на иконите го извршил Кузман Фрчкоски од Галичник. Иконостасот е изработен во периодот на градењето на црквата, а иконите на него се од 1925/26 година. Во понов период, поради настанатите потреби, изграден е нов придружен објект, во кој се наоѓаат црковна трпезарија, крстилница и административни простории за свештениците. Црквата е главна парохиска црква на Првата кичевска парохија. По повод 100 години од изградбата на црквата, во 2010 година била издадена монографија со наслов „Црква на светите апостоли Петар и Павле во Кичево“ од страна на Сашо Цветковски. Исто така, тогаш е осветен новиот иконостас, изработен по повод јубилејот на храмот.

Поврзано
[уреди | уреди извор]- Црква „Св. Кирил и Методиј“ - другата градска црква. Во изградба;
- Прва кичевска парохија
- Кичево
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Петар и Павле“ - Кичево на Ризницата ?- Петте средновековни цркви во Кичево
- ХРАМОТ ЦЕНТРАЛНА ГРАДБА ВО ГРАДОТ[мртва врска]
| Оваа статија црква во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |


