Црква „Св. Илија“ - Челопеци
![]() ![]() Свети Илија
| |
![]() Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Кичевско |
Парохија | Прва кичевска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°28′27.95″N 21°01′32.04″E / 41.4744306°N 21.0255667°E |
Место | Челопеци |
Општина | Кичево |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Илија |
Изградба | 1861 |
Архитектонски опис |
Свети Илија — главна селска црква во кичевското село Челопеци, Македонија.[1]
Црквата се наоѓа над самото село и преовладува со својата камбанарија, на која е издигнат крст. Околу црквата се сместени и селските гробишта.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата се наоѓа во горниот дел на селото.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата била започната со изградба во 1861 година,[3] иако според истражувањето на Јован Трифуноски се тврди дека била подигната во 1880 година на местото на постара црква. Градењето било помогнато од тогашниот сопственик на чифликот Мијалче, Влав од Крушево.[2]
Во 1910 година била обновена на иницијатива на селаните.[3]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Фрескоживопис
[уреди | уреди извор]Црквата поседува фрескоживопис, кој бил насликан од страна на зографот Јаков Мажовски од селото Лазарополе.[3]
Фрескоживописот бил обновен во 1999 година од страна на Бошко Попоски од Кичево.[3]
Иконостас
[уреди | уреди извор]Иконостасот во црквата бил изработен од познатиот Дичо Зограф од селото Тресонче.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Ниша над главниот влез
-
Камбанаријата
-
Поглед на црквата
-
Камбанаријата
-
Главниот влез
-
Апсидата
-
Помошниот објект
-
Споредниот влез
-
Гробиштата околу црквата
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 110.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 „Дебарско-кичевска епархија“. web.archive.org. 2014-03-04. Архивирано од изворникот на 2014-03-04. Посетено на 2020-10-29.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Црква „Св. Илија“ - Челопеци на Ризницата ?