Прејди на содржината

Кичевско архијерејско намесништво

Од Википедија — слободната енциклопедија
Црквата „Св. Петар и Павле“ во Кичево претставува седиште и главен соборен храм на Кичевското архијерејско намесништво

Кичевско архијерејско намесништво — архијерејско намесништво, едно од петте намесништва при Дебарско-кичевската епархија, а го носи називот според градот Кичево во кое се наоѓа седиштето.[1] Соборен храм и седиште на Кичевското архијерејско намесништво е храмот „Свети апостоли Петар и Павле“ во Кичево. Ова намесништво е составено од 5 парохии со 92 изградени цркви (ако се земат оние кои се изградени по 2017 година ќе бидат околу 95).[2] Кичевски архиерејски намесник е протоерејот Стевчо Тошевски, а старешина на Соборниот храм: „Свети апостоли Петар и Павле“ е ерејот Александар Матески.[3]

Парохии.

Намесништвото е составено од 5 парохии со одлука број 65 од 11.II.2011 година, а со важност од 01.III.2011 година, а тоа се:

  • Прва кичевска парохија - седиште во храмот „Свети апостоли Петар и Павле“ - Кичево (парохиски свештеник - ереј Александар Матески);
  • Втора кичевска парохија - седиште во храмот „Свети апостоли Петар и Павле“ - Кичево (нема парохиски свештеник);
  • Трета кичевска парохија - седиште во храмот „Свети апостоли Петар и Павле“ - Кичево (парохиски свештеник - протоереј Стевчо Тошевски);
  • Четврта кичевска парохија - седиште во храмот „Свети апостоли Петар и Павле“ - Кичево (парохиски свештеник - ереј Ристо Камбуроски);
  • Петта кичевска парохија - седиште во храмот „Свети апостоли Петар и Павле“ - Кичево (нема парохиски свештеник).[4]


Оваа парохија моментално ја опслужуваат тројца свештеници: протоереј Стевчо Тошевски, ереј Ристо Камбуроски и ереј Александар Матески. Има и уште еден свештеник без парохија, а тоа е ереј Александар Крстаноски, којшто е доктор на науки и моментално е доцент на Православниот богословски факултет.[1]

Официјална страница

[уреди | уреди извор]

Официјална Facebook страница на Кичевското архиерејско намесништво е: https://www.facebook.com/kicevska.parohija/.

  1. Дебарско-кичевска епархија (1967-2017): зборник. Охрид: Дебарско-кичевска епархија; Канео. 2017. стр. 485. ISBN 978-608-4657-34-7.
  2. Дебарско-кичевска епархија (1967-2017): зборник. Охрид: Дебарско-кичевска епархија, Канео. 2017. стр. 488. ISBN 978-608-4657-34-7.
  3. Дебарско-кичевска епархија (1967-2017): зборник. Охрид: Дебарско-кичевска епархија, Канео. 2017. стр. 489. ISBN 978-608-4657-34-7.
  4. Дебарско-кичевска епархија (1967-2017): зборник. Охрид: Дебарско-кичевска епархија, Канео. 2017. стр. 489. ISBN 978-608-4657-34-7.