Градиште (Граиште)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Градиште
археолошко наоѓалиште
Трипола.JPG

Остатоци од ѕидините

Градиште is located in Македонија
Градиште
Местоположба на Градиште во Македонија
Местоположба 41°14′16″N 21°13′14″E / 41.23778° N; 21.22056° E / 41.23778; 21.22056Координати: 41°14′16″N 21°13′14″E / 41.23778° N; 21.22056° E / 41.23778; 21.22056
Основни податоци
Име Градиште
Место Граиште
Општина Демир Хисар
Тип

Археомак 2.0 графички знак (градиште).svg градиште

Период раноантичко време
доцноантичко време
Портал „Археологија“

Градиштеархеолошко наоѓалиште во демирхисарското село Граиште. Претставува градиште од раноантичко и доцноантичко време. Се наоѓа на висок конусен рид со зарамнето плато, опкружено од три страни со речни долини. Оградено е со три појаси од одбранбени ѕидови градени од камен без малтер, кои во вид на тераси опфаќаат простор од околу 10 хектари. По површината се среќаваат многубројни фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. Најдени се повеќе од 200 монети од IV-II век пред н.е. Во западното подножје се откопани гробови со златен накит. На највисокото плато, остатоци¬те од раноантичкото градиште, кои се на површина од околу 3 хектара, се опфатени со доцноантичкиот бедем ѕидан од кршен камен и варов малтер. По површината се среќаваат фрагменти од кера¬мички садови и монети. Во јужното подножје на ридот, над селското училиште се откопани поголем број гробови градени од камени плочи во кои меѓу прилозите имало и монети од IV век. Наодите се сместени во Музејот на Македонија во Скопје и во Заводот и музеј во Битола.[1] Во изворите покрај името Градиште фигурираат и имињата Брианион, Трипола и Добрун.[2]

Во 2009 година поради поставување на антени, 2\3 од наоѓалиштето биле неповратно уништени. Тоа довело до серија негативни критики во јавноста.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  2. Демир Хисар и Демирхисарскo низ вековите и денес - Ванѓелко Лозаноски, Битола 2005
  3. Уништен археолошкото наоѓалиште Градиште кај Граиште, Демир Хисарско

Надворешни врски[уреди | уреди извор]