Сува Река (Обедник)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сува Река

Карта

Местоположба 41°09′33″N 21°09′33″E / 41.15917° СГШ; 21.15917° ИГД / 41.15917; 21.15917Координати: 41°09′33″N 21°09′33″E / 41.15917° СГШ; 21.15917° ИГД / 41.15917; 21.15917
Основни податоци
Место Обедник
Општина Демир Хисар
Тип

 сакрален објект  некропола


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Сува Рекаархеолошко наоѓалиште во демирхисарското село Обедник. Претставува сакрален објект и некропола од доцноантичко време. Се наоѓа во подножјето на тврдината на наоѓалиштето Кале, каде при изградбата на патот за селото Боиште биле откриени остатоци од црква и некропола. Зафатен е југозападниот дел на објектот, односно јужниот дел од нартексот. Заводот и музеј од Битола извршил заштитно ископување. По површината на теренот се среќаваат фрагменти од тегули, бигор и друг градежен материјал. Североисточно од црквата се откриени гробови од камени плочи - тип циста, а најдена е и надгробна стела од бел мермер со старогрчки натпис која се чува во селската продавница.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069