Бојано Лозје

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бојано Лозје
археолошко наоѓалиште
Бојано Лозје is located in Македонија
Бојано Лозје
Местоположба на Бојано Лозје во Македонија
Местоположба 41°17′58″N 21°4′47″E / 41.29944° N; 21.07972° E / 41.29944; 21.07972Координати: 41°17′58″N 21°4′47″E / 41.29944° N; 21.07972° E / 41.29944; 21.07972
Основни податоци
Место Бабино
Општина Демир Хисар
Тип

Археомак 2.0 графички знак (некропола).svg некропола


Период раноантичко време
Портал „Археологија“

Бојано Лозје или Лавциархеолошко наоѓалиште во демирхисарското село Бабино. Претставува некропола од раноантичкото време. Се наоѓа на 1 км источно од селото, во непосредната близина на раскрсницата на патот БитолаКичевоБабино, каде се откриени гробови градени од камени плочи - тип циста, со богати прилози: шлем од бронза (грчко-илирски тип), двојни игли од бронза, мониста од стаклена паста, обетки од сребро и железни врвови од копја. Наоѓалиштето е откриено во 1948 година при стрмењето на земјата за лозови насади од страна на месен жител. Во 1952 година Археолошкиот музеј на Македонија извршил ископување. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола и во Музејот на Македонија во Скопје.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069