Шути Манастир
Шути Манастир или Св. Тома — археолошко наоѓалиште во Демир Хисар . Претставува црква од средниот век. Се наоѓа на а околу 3 км североисточно од градот, во местото каде што се допираат атарите на селото Вардино и градскиот атар на Демир Хисар, каде се гледаат урнатини од црква со основа во форма на триконхос и со димензии од 18 × 7,10 м. Ѕидовите, чија ширина изнесува 0,60 м, се зачувани наместа во висина и до 4 м. Црквата била живописана во фреско-техника. Околу неа има голем простор исполнет со грамади од градежен материјал што им припаѓа на урнатите конаци и другите помошни згради. Јужно од црквата има гроб покриен со две камени плочи, со насоченост исток-запад.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Грнчарица — утврдување од доцноантичко време;
- Демир Хисар;
- Список на археолошки наоѓалишта во Демирхисарско;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |