Црквиште (Брезово)
Црквиште — археолошко наоѓалиште во демирхисарското село Брезово. Претставува црква и некропола од средниот век. Се наоѓа на 4,5 км северозападно од селото, кај месноста Суво Поле, десно од патот Битола-Кичево, каде се гледаат остатоци од објект за кој мештаните сметаат дека е црква. При обработувањето на земјата биле откриени гробови градени од камени плочи. На површината можат да се сретнат фрагменти од питоси.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Каменец — населба, некропола и топилница од доцноантичко време;
- Габер — црква од средниот век;
- Брезово;
- Список на археолошки наоѓалишта во Демирхисарско;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Категории:
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од среден век
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на црква
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на некропола
- Брезово
- Археолошки наоѓалишта во Општина Демир Хисар
- Никулци за археологијата на Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Демирхисарско