Прејди на содржината

Над Селото (Ново Село)

Координати: 41°18′19″N 21°11′25″E / 41.30528° СГШ; 21.19028° ИГД / 41.30528; 21.19028
Од Википедија — слободната енциклопедија
Над Селото

Карта

Местоположба 41°18′19″N 21°11′25″E / 41.30528° СГШ; 21.19028° ИГД / 41.30528; 21.19028
Основни податоци
Место Ново Село
Општина Демир Хисар
Тип

 населба  црква


Период среден век
Портал „Археологија“

Над Селотоархеолошко наоѓалиште во демирхисарското село Ново Село. Претставува населба со црква и некропола од средниот век. Се наоѓа на 400 м западно од селото. Според преданијата тоа било некогашното „Черкеско Село“. Што се однесува до Ново Село, тоа лежи во кругот на манастирот кој е на 300 м исто така западно од селото. Остатоците од манастирската црква се гледаат и имаат димензии од 10×5 м. Црквичката била градена од кршен камен и варов малтер. Околу неа се откриени гробови од камени плочи со насоченост исток-запад. Според кажувањето на мештаните, во гробовите биле наоѓани српови, керамички садови и други прилози кои денес не се зачувани.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069